Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Триста трактори во европскиот кварт, седиштето на ЕУ во бодликава жица – нови земјоделски протести во Брисел

/

пред 971 дена

Сподели преку :

Нови протести на земјоделците во Брисел кои се незадоволни од ниската цена на увозот. Тие се трактори влегоа во градот и според портпаролката на полицијата, Илса ван де Кир, во европскиот кварт има околу 300 трактори кои ги блокираа околните улици, пренесува „Тајмс оф Брисел“.

Агенцијата АП информира дека земјоделците направиле бетонски барикади, а околу седиштето на Европската Унија поставиле бодликава жица. Ситуацијата, според Ван де Кир, е мирна. Во европскиот кварт и на критичните точки се распоредени неколку стотици полицајци. Неколку патни правци, тунели и станици на метрото се затворени за сообраќај.

Министрите за земјоделство на земјите членки на ЕУ денеска ќе одржат состанок во Брисел. Земјоделците веќе неколку недели водат кампања против, како што велат, престрогите европски еколошки правила и падот на приходите и бараат ЕУ да се повлече од договорот за слободна трговија. Фокусот денеска е на договорот Меркосур со јужноамериканските земји чија цел е да дозволи поевтини производи на пазарите.

Земјоделците бараат и регулирање на пазарите за да се гарантираат стабилни и фер цени, комплетна земјоделска и прехранбена политика за поддршка на агроеколошките пракси и прилагодување на на уредбите за азот.