Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Голем триумф на кошаркарите на гостувањето во Полска

/

пред 951 дена

Сподели преку :

Македонската машка кошаркарска репрезентација на гостувањето во Полска триумфираше со 96:71.

Избраниците на селекторот Александар Јончевски одиграа во голем стил во текот на сите 40 минути и на крајот сосема заслужено забележаа убедлива победа во мечот против еден од домаќините на претстојното Европско првенство.

Нашите кошаркари доминираа на теренот и во ниту еден момент не му дадоа шанса на противникот да се врати во игра и да се избори за резултатски приклучок.

Во нашиот тим блескаше Ненад Димитријевиќ кој мечот во заврши со 32 поени осум скока и исто толку асистенции, Итан Хап додаде 19 поени и седум освоени топки под обрачите додека Стојан Ѓуроски беше стрелец на 17 поени.

На спротивната страна прв стрелец со 20 поени беше Михал Михалак, а Михал Соколовски впиша 20 поени и шест скока.

Во вториот дуел Естонија ја совлада Литванија со 65:59.

ФОТО: Игор Паневски

Голем триумф на кошаркарите на гостувањето во Полска