Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Владата ги повлече, па ги врати законите за стратешки инвестициски проекти во Собрание

/

пред 957 дена

Сподели преку :

На седмата владина седница се донесе одлука за повлекување на предлог законите за стратешки инвестициски проекти од Собрание на доработка и усогласување со институциите. Потоа на нова владина седница, осма по ред, вчера истите се вратија назад во Собрание.

За овие стратешки инвестиции изминатиот период имаше низа реакции во јавноста особено за Митилинеос кој треба да гради централа во Железара. За овој проект и министерот за економија на последните две владини седници бараше повлекување на прелог законот и нови преговори со инвеститорот.

Претходно и дел од експертите реагираа дека со предлог законот за Митилинеос , грчкиот инвеститор ќе се богати, а државата ќе трпи огромни штети.

Од вкупно четири предлог закони за изградба на централи на повеќе места во земјава, им се даваат низа поволности на инвеститорите кои тешко може да ги ужива домашниот бизнис.