Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Украдени безбедносни планови за ЛОИ 2024 од воз во Париз

/

пред 969 дена

Сподели преку :

Компјутер и УСБ со безбедносните планови за претстојните Летни олимписки игри во Париз се украдени од воз на станицата Гаре ди Норд и веднаш е отворена полициска истрага. Според објавите во медиумите, станува збор за голем предизвик на пет месеци пред отворањето на Олимпијадата.

За кражбата алармирал вработен во градското собрание на Париз откако забележал дека ја нема неговата торба по неколку моменти од влегување во возот за Крил од станицата Гаре ди Норд во Париз, дознава француската телевизија БМФ ТВ од полициски извори.

Педесет и шестгодишниот инженер пријавил во полициска станица околу 19:30 часот, пред да ја опише содржината во компјутер и УСБ-та што ја носел со себе. Во нив имало чувствителни податоци, меѓу кои и плановите за сигурност на Летните олимписки игри.

Конкретно, станува збор за безбедносни планови за Олимписките игри за градското собрание во Париз кое планира да распореди, речиси, 2.000 агенти меѓу кои и локални полицајци за време на Олимпијадата од 26 јули до 11 август.

Според првичните сознанија, кражбата се случила меѓу 18:30 и 19:30 часот. Вработениот во пријавата рекол дека торбата ја ставил над седиштето во купето, пред да забележи дека ја снемало додека се подготвувал да се прекачи во друг воз.

Надлежни во истрагата се истражители од регионалната безбедност во сообраќајот, а во истрагата се користат и снимки од безбедносните камери на Гаре ди Норд. Градското Собрание на Париз засега е без коментар за случајот.

Париз ќе мобилизира околу 2.000 агенти за безбедноста на Летните олимписки игри, покрај 35.000 припадници на силите за безбедност кои секој ден ќе бидат на должност за време на настанот.

Париз беше сведок на терористички напади од големи размери, како нападот во Батаклан во 2015 година, кога исламистички екстремисти упаднаа во музичка сала и пукаа во тераса на кафе барот, при што убија 130 лица.