Јулија Навалнаја во денешниот говор во европскиот парламент изрази загриженост дека руската полиција би можела да апси за време на погребот на нејзиниот покоен сопруг Алексеј кој е закажан во петок во Москва.
Навални почина на 16 февруари во казнена колонија на Арктикот, додека отслужуваше 19-годишна затворска казна поради обвиненија за екстремизам кои ги отфрли како политички мотивирани.
За неа не постои дилема за виновниците за смртта на Алексеј Навални. Прстот го впери во руските власти, на чело со претседателот Владимир Путин, со кои една недела се бореле за преземање на телото. На европратениците им порача дека Путин не може да биде поразен со дипломатски ноти, резолуции и санкции, туку со иновативни акции и финансиски истраги.
Од говорницата на европскиот парламент истакна дека Европа има сојузници во Русија во десетици милиони Руси кои се против Путин и вети дека ќе ја продолжи работата на нејзиниот сопруг.











