Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Фридом хаус“: Македонија останува делумно слободна земја

/

пред 963 дена

Сподели преку :

Според новиот извештај на „Фридом хаус“ „Слободата во светот 2024“, Македонија останува делумно слободна земја. Резултатот на државава е намален за еден поен, односно сега изнесува 67 од вкупно 100 поени во споредба лани.

Во категоријата политички права има 28 од 40 поени, додека во однос на граѓанските слободи има резултат од 39 од вкупно 60 поени.

Со ова, Македонија останува во категоријата делумно слободни земји заедно со Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Унгарија, Украина и Молдавија.

Според организацијата „Фридом хаус“, слободата во светот опаднала 18-та година по ред во 2023. Тие наведуваат дека распространетите проблеми со изборните процеси, кои вклучуваат насилство и манипулации довеле до влошување на правата и слободите на луѓето.

Вооружените конфликти и заканите за авторитарна агресија, пак, посочуваат дека го направиле светот помалку безбеден и помалку демократски.

Негирањето на политичките права и граѓанските слободи на спорните територии ја повлече слободата во придружните земји, вклучително и некои демократии, според извештајот на Фридом Хаус.