Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Антикампањата за изборите зема замав

/

пред 962 дена

Сподели преку :

Кампањата не е официјално почната, но антикампањата зема се` поголем замав. Потенцијалните кандидати ги немаат претставено своите програми со аргументи зошто треба да седнат во претседателската фотеља, но партиите кои стојат зад нивните против-кандидати веќе зборуваат зошто не треба тоа да се случи.

Од кабинетот на актуелниот претседател обвинија за малограѓанско политикантство.

Кандидатката на Левица, Билјана Ванковска, на претходните претседателски избори застана на страна на Сиљановска, но сега  го дели ставот на партијата што ја поддржува дека, „влегува во претседателската трка противстатутарно и со раскол“, повикувајќи се на тужбата поднесена од внатрепартиската фракција за начинот на избор на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.

На социјалните мрежи се споделува и донаторската кутија оставена од Унијата на млади сили, за кандидатот на ДУИ, кој деновиве изјави дека ако не земе плата, ќе треба да се задолжи. Интегративците, пак, продолжуваат со обвинувања на опозицијата за русофилија.

Во меѓувреме, кандидатите кои веќе собраа потписи за кандидатура, сега се во трка кој ќе собере повеќе. Максим Димитриевски до синоќа собрал 11.391 потпис, за Османи се потпишале 11.067, а за Таравари 10.641. Блиску до потребната бројка е и Ванковска со 9.085 потписи.

Стевчо Јакимовски има 7994 потписи, од кои најмногу од жители на Карпош каде е градоначалник. Останатите кандидати се далеку од потребната бројка за кандидатура.

Далиборка Демјанска Цветановска