Трката за претседател на државата уште не е започната, Ахмети и Таравари ја прогласија за последна, најавувајќи избор на претседател во собранието со Бадентерово мнозиство.
Дали е ова уцена или само предизборна манипулација? – Што го прави претседателот консензуален? – Уставот е акт на општествен договор или партиска поделба на изборниот плен?
Вечерва во „Вин-Вин“ дебатираа универзитетската професорка Мирјана Најчевска, Иванка Василевска, универзитетска професорка и актуелна пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, и Башким Бакиу, шеф на изборниот штаб на кандидатот за претседател на албанската опозиција, Арбен Таравари.











