Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кос најдобар во Лахти, Крафт не ја мина првата рунда

/

пред 947 дена

Сподели преку :

Ловро Кос вечерва во Лахти, Финска, дојде до својата втора победа во кариерата во Светскиот куп во ски скокови. Лидерот во генералниот поредок Штефан Крафт не се квалификуваше за финалната рунда.

Словенецот имаше фантастичен скок од 134 метри во втората рунда и тоа му овозможи да дојде до првото место со вкупни 262,5 поени. Во првата серија прескокна 127 метри. Зад него беше Германецот Андреас Велингер, а трет финишираше Рјиоју Кобајаши од Јапонија.

Во генералниот поредок Штефан Крафт и натаму е лидер со 1.546 поени, но Австриецот денеска не успеа да се квалификува помеѓу најдобрите 30 за финалната рунда, бидејќи оствари скок од само 105 метри. Кобајаши на втората позиција во поредокот има 1.337 поени, а Велингер е трет со 1.258 поени.

Утре на програмата е тимското натпреварување, а во недела повторно индивидуално.