Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ТВ, радија, весници, портали кои ги нема во регистарот – над 300 медиуми се пријавија за платено политичко рекламирање за изборите

/

пред 960 дена

Сподели преку :

Над 300 медиуми се пријавиле за платено политичко рекламирање за време на изборите. Најмногу од нив се интернет портали – 249 на број. Останатите се 37 телевизии, 35 радија и 11 весници. Државната изборна комисија (ДИК) пред два дена го усвои регистарот на медиумите и ги објави нивните имиња.

Во списокот кај традиционалните медиуми нема изненадување. Но, затоа кај интернет порталите има имиња кои се непознати. Некои од нив како Специ.мк, Инфо.семед.мк, Тв2л.тв, Тетовал.мк воопшто не може да се пронајдат на интернет.

На листата има портали кои не се регистрирани во македонскиот регистар на домејни МАРНЕТ, кои немаат импресум или се формирани неодамна. Потоа има портали со албански домејн, што значи не се регистрирани во земјава, како и по два, три и повеќе портали во сопственост на една фирма.

Од Македонската едиумска асоцијација (ММА) бараат ДИК да го ревидира списокот и од регистарот да бидат избришани сомнителните портали, затоа што, како што велат, станува збор за обид за злоупотреба на јавни средства.

Од АВМУ, кога била формирана работната група за измените на Изборниот законик, заедно со ДКСК и новинарските здруженија предложиле решение да се прифаќаат само портали со македонски домејн и само по еден портал од правно лице, но тоа не било разгледано.

„Со ваквиот начин на финансирање на интернет порталите на најдиректен начин државата преку буџетот ги корумпира медиумите и директно пари од буџетот се префрлаат на таканаречени фантом фирми  кои што најверојатно после 8 мај веќе нема ни да постојат. Апсолутно на ваков начин не се придонесува за подобро информирање на граѓаните, ниту граѓаните да донесат подобра одлука за кого да гласаат. Станува збор за класичен клиентелизам кој што се повторува за жал повеќе изборни циклуси. Државата не најде сила во Парламентот сето ова да се стопира“, изјави Зоран Трајчевски, директор на АВМУ.

Од ДИК велат постапуваат согласно законот, според кој, секој што ќе достави тековна состојба и барање за пријава во регистарот има право да објавува реклами.

Рекорден број на медиуми се пријавени, но, не значи дека сите ќе добијат пари, туку само оние во кои учесниците на изборите избрале да се рекламираат кај нив. ДИК потоа ги исплаќа овие медиуми од државниот буџет.

Учесниците на изборите за реклами на порталите може да потрошат максимум 15.000 евра. Околу 10 и пол милиони евра ќе се издвојат за платено политичко рекламирање за претстојните двојни избори.

Марија Митевска