Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

444 делегати на ВМРО-ДПМНЕ „за“ Силјановска

/

пред 960 дена

Сподели преку :

Од 448 делегати на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ, 444 гласале професорката и пратеничка Гордана Силјановска-Давкова да влезе во трката за претседателската фотелја како нивни кандидат.

Силјановска им се заблагодари, на како што рече, неочекувано високата поддршка и можноста да си го запознае народот. Порача дека патот се знае и не се бараат други патишта, но не се станува ниту европеец само со зборување за ЕУ, туку со вежбање на демократија, ставање на владеењето на правото на прво место, со фокус на човековите права.

Лидерот на партијата најави време на промени.

Покрај пратеничките потписи, Силјановска од утре ќе собира и 10.000 потписи од граѓаните за потврда на кандидатурата.

Далиборка Демјанска Цветановска