Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Експлозии на Крим – масовен украински напад врз полуостровот, Русија соборила 38 дронови

/

пред 946 дена

Сподели преку :

Татнежи од експлозии го затворија Керчкиот мост на Крим за сообраќај. Украина во текот на ноќта изведе масовни напади врз полуостровот, пришто руската противвоздушна одбрана соборила 38 дронови, соопшти министерството за одбрана на Русија.

На каналите на Телеграм се појавија тврдења дека се слушнале експлозии во близина на нафтеното депо Феодосија, како и во близина на одморалиште во источниот дел на полуостровот.

Керчкиот мост го поврзува континенталниот дел на Русија со Крим. Долг е 19 километри и претставува клучна рута за снабдување на руските трупи на полуостровот.