Статуата на славниот мајстор на боречки вештини, Брус Ли од непознати причини ја снема во паркот „Зрињевац“ во Мостар. Како што пренесуваат медиумите во БиХ, Град Мостар и Комуналното претпријатие „Мостар“, неофицијално, немаат никаква врска со исчезнувањето на Ли.
Споменикот на јунакот на многу среќни детства, жилавиот кунг фу мајстор Брус Ли, беше поставен во мостарскиот парк во 2005 година. Уште првата ноќ исчезнаа нунчаките, а викендов и бистата.











