Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мирен протест на синдикатите на пет јавни универзитети поради непотпишување на колективните договори

/

пред 959 дена

Сподели преку :

Синдикатите на пет јавни универзитети – во Битола, Тетово, Штип, „Св.Апостол Павле“ во Охрид и „Мајка Тереза“ во Скопје денеска од 13 часот пред влезовите на универзитетите ќе одржат мирен протест затоа што не им се потпишани клективните договори.

Тие сметаат дека се игнорирани и диксирминирани од Владата и Собранието во однос на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“-Скопје чии вработени со потпишаниот колективен договор од овој месец добија зголемување на платите за околу 22 отсто.

Го поздравуваат спроведувањето на Колективниот договор со УКИМ, но на надлежните им порачуваaт дека „истовремено спроведуваат двојни стандарди, дискриминација и нееднаквост“. Останатите пет јавни универзитети го уживаат истиот статус, реализираат иста оштествена дејност, со иста одговорност и со непотпишување на колективниот договор неправедно се изоставени настрана од државата, се вели во соопштението на синдикатите кои нагласуваат и дека „без никаква политичка боја“ ќе протестираат мирно и обединето за „враќање на достоинството, интегритетот и правдата“.