Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Голема победа за Трамп – Врховниот суд на САД собори одлука на Врховниот суд на Колорадо во пресрет на „Супервторник“

/

пред 964 дена

Сподели преку :

Американскиот Врховен суд денеска ја собори одлуката на Врховниот суд на Колорадо со која на Доналд Трамп му беше забранета кандидатура за изборите поради поттикнување и поддржување на на нападот врз Капитол на 6 јануари во 2021 година. Тоа претставува голема победа за поранешниот претседател на САД во намерата за враќање во Белата куќа.

Судиите едногласно ја поништија одлуката на Врховниот суд на Колорадо од 19 декември со која на Трамп му беше оневозможено да се кандидира на републиканските предизбори.

Трамп е фаворит за републиканска претседателска номинација и на 5 ноември оваа година најверојатно ќе излезе на мегдан со актуелниот американски претседател Џо Бајден за функцијата во Белата куќа.

„Голема победа за Америка“, напиша Трамп на својата социјална мрежа, веднаш по изрекување на пресудата.

Во пресудата на Врховниот сду на САД се наведува дека само Конгресот може, врз основа на 14-от амандман, да забрани извршување на јавна функција. Во него се предвидува дека само на лицата кои учествувале во бунт им се оневозможува да извршуваат јавни функции.

Трамп е под забрана за кандидирање и во Мејн и во Илиноис врз основа на 14-от амандман, но тие одлуки беа ставени на стенд бај до одлуката на Врховниот суд во случајот со Колорадо.

Пресудата е донесена во пресрет на т.н. Супервторник, ден во предизборниот циклус на претседателските избори во САД во кој во голем број на сојузни држави се одржуваат предизбори.

Против Трамп се води постапка на федерално ниво поради обид за поништување на резултатите од изборите во 2020 година.