Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вселенската капсула со четворица членови на екипажот пристигна на Меѓународната вселенска станица

/

пред 963 дена

Сподели преку :

Капсулата „SpaceX Dragon“ пристигна на Меѓународната вселенска станица, нешто повеќе од 24 часа откако беше лансирана од Флорида со ракетата „SpaceX Falcon 9“.

Капсулата носи четворица нови членови на екипажот кои ќе го надгледуваат пристигнувањето на два нови ракетни бродови за време на нивниот престој.

Новиот американско-руски екипаж ќе го замени екипажот од САД, Данска, Јапонија и Русија.

Долго одложуваната капсула „Starliner“ на Боинг со тест пилоти и нов приватен мини шатл со товар треба да пристигне за време на шестмесечен престој на новиот екипаж.

Меѓународната вселенска станица е ретка област за меѓународна соработка меѓу различни влади од светот, а ја одржуваат вселенските агенции на Канада, Европа, Јапонија, САД и Русија.