Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бујар Османи во Топ Тема (5.3.2024): Нема да генерирам политички и етнички поделби

/

пред 942 дена

Сподели преку :

Актуелниот министер за надворешни работи Бујар Османи влегува во трката за претседател со задача од партијата, тој да ги води уставните измени кои ги бара ДУИ, а на два и пол месеци од изборите листата е проширена и со барање, претседателот на државата во иднина да се бира во Собранието.

Во вечерашната Топ Тема кандидатот на Интегративците за претседател на државата, Османи, со став дека и покрај ваквото условување од страна на ДУИ, партијата никогаш не била и нема да биде политички дестабилизатор на државата.

Тој во Топ Тема го откри и мотивот за неговата кандидира за претседател – да биде првиот консензуално избран претседател на државата кој нема да генерира политички и етнички поделби како досегашните шефови на државата.

Во надворешната политика, Русија ја смета за една од најголемите закани. Нагласи дека е потребно и натаму да се поддржува украинската страна бидејќи доколку Киев изгуби, Западниот Балкан е меѓу следните станици на Москва.

„Сметам дека Украина е само прва станица на руските амбиции, дека следната е Транснистрија, дека следната после тоа е Западен Балкан кој е едно идеално подрачје во моментот, неконсолидирано во делот на евроатлантската интеграција, со отворени прашања како што се БиХ , како што е односот Косово – Србија, растечкиот национализам“, порача Османи.

Во однос на проблемот со вадењето на личните документи во земјава, Османи изјави дека е најважно да се реорганизираат домашни капацитети за менување на пасошите.