Во 2-годишниот конфликт Украина стана лабораторија за нова воена технологија, а поморските дронови треба да станат суштински дел од борбената алатка во војувањето во 21 век.
Украинската служба за безбедност го претстави својот најнов модел на беспилотно пловило „Sea Baby“.
Официјални лица рекоа дека поморските беспилотни пловила се користени за таргетирање руски фрегати, миночистачи, извидување и патролни бродови.
Според спецификациите на украинските служби тие се способни да носат повеќе од еден тон експлозив, можат да патуваат со брзина од 90 км на час и да поминат растојание поголемо од 1.000 километри.
Украина тврди дека е првата земја што формирала специфична единица посветена на нивно производство.











