Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Градското дерби во Маџари, Вардар го пречекува Работнички

/

пред 943 дена

Сподели преку :

Денеска се играат натпреварите од 22. коло во Фудбалскиот шампионат на Македонија.

Пред стартот на завршниот дел од сезоната лидерот Шкупи и гостува на Брегалница во Штип, додека второпласираната Струга ја пречекува Македонија ЃП, а Шкендија во оваа рунда и патува за Струмица на дуел со АП Брера.

Последната рунда од овој дел на шампионатот сепак ја одбележува соочувањето на градските ривали Вардар и Работнички, а “црвено-црните” се домаќини на теренот на стадионот Борис Трајковски во Маџари.

Денешното коло го заокружуваат Тиквеш – Силекс и Воска Спорт – Гостивар.

Сите натпревари почнуваат во 14 часот.

ФОТО: Игор Паневски