Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун наредил зголемена подготвеност за војна откако извршил увид во теренската обука на војниците во во западниот дел на земјата. Обиколката на базата следува по почетокот на годишните комбинирани воени вежби на американските и јужнокорејските сили.
„Нашата војска треба постојано да ги интензивира вистинските воени вежби со цел брзо да ги подобри своите борбени способности за совршена воена готовност“, им рекол Ким на војниците.











