Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

227 деца киднапирани во Нигерија

/

пред 960 дена

Сподели преку :

Вооружени напаѓачи киднапираа 227 ученици во градот Курига, во Нигерија. Киднапирањето се случило непосредно по утринскиот почеток на наставата.

Според властите во земјата ова е веројатно најголемото масовно киднапирање деца од училиште од 2021 година. Родителите и жителите на градот сметаат дека недоволната безбедност е причина за грабнувањето. Гувернерот на покраината Кадуна, Уба Сани, вети дека ќе се заложи за ослободување на децата, но не наведе колку ученици точно се водат како исчезнати.

Амнести интернешнал ги повика нигериските власти да ги доведат учениците на безбедно и да ги изведат сторителите пред лицето на правдата. Хасан Абдулахи, татко на неколку киднапирани деца, за агенцијата Ројтерс изјави дека локалните чувари се обиделе да се изборат со вооружените напаѓачи, но биле совладани.

Киднапирањата кои најчесто се со цел за потоа да се бара откуп не се ретки во северна Нигерија. Последното големо киднапирање на ученици во Кадуна беше пријавено во јули 2021 година, кога вооружени напаѓачи киднапираа повеќе од 150 ученици. Децата беа вратени кај семејствата неколку месеци подоцна, откако тие платија откуп.