Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сајнц нема да вози за Ферари на трката за ГН на Саудиска Арабија

/

пред 939 дена

Сподели преку :

Возачот на Ферари, Карлос Сајнц ќе ја пропушти утрешната трка за Големата награда на Саудиска Арабија во Формула 1 шампионатот поради здравствени проблеми.

Шпанецот има воспаление на апендиксот или слепото црево, па потребна му е операција. Ферари објави дека Сајнц ќе го пропушти тркачкиот викенд почнувајќи од слободниот тренинг број 3. Негова замена ќе биде младиот Оливер Берман, кој е резервен возач на италијанскиот тим. Се работи за 18-годишен Британец, кој моментално настапува во Формула 2, а утре на трката ќе го има своето деби во најпрестижното автомобилистичко натпреварување.

Сајнц на првата сезонска трка во Бахреин минатиот викенд го освои третото место, зад двоецот на Ред Бул, Макс Ферстапен и Серио Перез. Шпанецот ја вози последната сезона во болидот на Ферари, бидејќи од следната сезона Сер Луис Хамилтон ќе му биде тимски колега на Шарл Леклер.