Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Џошуа брутално го нокаутираше Нгану во втората рунда (ВИДЕО)

/

пред 939 дена

Сподели преку :

Ентони Џошуа без многу проблеми го совлада Франсис Нгану со нокаут во втората рунда на боксерскиот спектакл одржан синоќа во Ријад, Саудиска Арабија.

Џошуа најпрво два пати го бутна во нокдаун ривалот од Камерун, пред целосно да ја заврши работата во втората рунда со брутален нокаут. Поранешниот светски шампион во тешка категорија во УФЦ беше надвор до својата класа, за разлика на своето боксерско деби против Тајсон Фјури кога загуби со поделена одлука на судиите.

Синоќа Џошуа очигледно беше преголем залак за Нгану. Британецот ја враќа самодовербата со три победи по ред откако претходно загуби два пати од Олександр Усик. Во својата кариера има 28 победи и три порази. Тој очекува следен ривал да му биде победникот од пресметката помеѓу Тајсон Фјури и Олександр Усик, што е закажана за месец мај.