Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ердоган најави повлекување од политиката

/

пред 959 дена

Сподели преку :

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека претстојните локални избори, што ќе се одржат на 31 март, ќе бидат последни за него. По дведецениско владеење, ова е првпат тој да спомене заминување од власта, што ја презеде уште во 2003. Седумдесетгодишниот Ердоган е уверен дека неговата конзервативна партија Закон и развој ќе продолжи да владее во Турција.

Ердоган беше градоначалник на Истанбул од 1994 до 1998. За премиер првпат беше избран во 2003. Оттогаш победи на повеќе од десет избори, а лани освои нов петгодишен мандат.