Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

РЕК Битола во дефект, ЕСМ тврди дека ги задоволува потребите од сопствени капацитети

/

пред 951 дена

Сподели преку :

РЕК Битола во моментов не произведува струја. Причина е дефект во третиот блок кој настанал во текот на ноќта. Од ЕСМ тврдат дека се започнати активности за враќање на еден од блоковите во мрежа, откако вчера поради пукната цевка на третиот блок, тој остана надвор од функција.

Електричната енергија, тврдат од ЕСМ, е надоместена од сопствени производни капацитети и не е направена дополнителна набавка на хавариска струја и дебаланс на системот. Од компанијата тврдат и дека изминатиот период била направена набавка на струја по поволни цени со кои АД ЕСМ успеал да ги намали трошоците во работењето.

Но, на сајтот на ЕСМ, каде треба да бидат извештаите кои што јавно достапни од кои што треба да се види од кои фирми, колкави количини и по кои цени државни електрани купиле електрична енергија ги нема од декември кога се објавени и последните вакви извештаи.