Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сенатот на САД со резолуција го поддржа влезот на Македонија во ЕУ

/

пред 950 дена

Сподели преку :

САД го поддржаа пристапувањето на Северна Македонија во Европската Унија во резолуција донесена во Сенатот, а на иницијатива на демократскиот сенатор од Вермонт, Питер Велч, демократската сенаторка од Њу Хемпшир, Џин Шахин и републиканските сенатори од Небраска и Северна Каролина Пит Рикетс и Том Тилис.

Во резолуцијата, како што пренесува Гласот на Америка на македонски јазик, Сенатот ги повика претседателот и државниот секретар на САД, како и европските сојузници, да се залагаат за отворање на првиот преговарачки кластер на ЕУ со Северна Македонија, без дополнителни билатерални услови.

Во резолцијата се нагласува и поддршката на Сенатот за македонската влада да ги преземе реформите неопходни за унапредување на членството во ЕУ.

Македонија е првата држава од Западен Балкан што потпиша Договор за стабилизација и асоцијација со ЕУ и стана официјална кандидатка за ЕУ во 2005 година, како и прва држава од Западен Балкан што почна стратешки дијалог со САД во јуни 2022 година, како дел од Декларацијата за стратешко партнерство и соработка од 2008 година.