Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ВИДЕО: Македонија е филмската дестинација на Глен Клоуз поради кадрите и приказната од “Пред дождот”

/

пред 936 дена

Сподели преку :

Актерката Глен Клоуз во промотивно видео објавено пред доделувањето на Оскарот за 2024-та година ја спомна Македонија како дестинација за посета инспирирана од филмот “Пред дождот” на Милчо Манчевски кој се закити со номинација за најдобар странски филм во 1994-тата.

„Постои филм што се вика „Пред дождот“ и е снимен во Македонија. Очигледно е многу стар. Многу работи се случувале на таа почва. Никогаш не излезе од моите мисли“, рече Клоуз.

Во видеото, филмските уметници се интервјуирани и одговараат на прашањето кој филм ги инспирирал да посакаат да патуваат во некоја земја, а позната актерка го избра токму македонскиот култен филм и Македонија.