Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Три експлозии во Рјазан, се издига црн чад, во тек е гасење на пожарот – погодена рафинерија во Русија

/

пред 954 дена

Сподели преку :

Рафинерија во рускиот град Рјазан е во пламен, а густ црн чад се издигнува над објектот и во тек е гасење на пожарот, потврдија оперативните служби, пренесува руската државна новинска агенција ТАСС. Во веста се вели дека веројатна причина за пожарот е пад на дрон.

Две лица се превезени во локалната болница, нивната состојба е средно тешка и се хоспитализирани на трауматологија.

Огнот зафати површина од 100 метри квадратни. Руските канали на Телеграм објавија дека очевидци слушнале три експлозии. Според извори во спасувачките операции, горат инсталации за размена на топлина. На социјалните мрежи се појавија снимки, меѓу кои и една на која се гледа како Русите неуспешно се обидуваат да соборат дрон.

По експлозиите и пожарот во рафинеријата, локалното население забележа нови беспилотни летала над градот. Гувернерот на Белгород, Вјачеслав Гладков изјави дека 45.000 луѓе останале без струја во регионот.