Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Експлозија во тренинг центар на ФБИ во Јужна Калифорнија, повредени 16 лица

/

пред 954 дена

Сподели преку :

Шеснаесет лица се повредени во експлозија во Центар за обука на ФБИ во градот Ирвајн, во јужна Калифорнија, соопштија официјални лица.

Тринаесет од нив ги здобиле повредите од детонацијата и резултирале со вртоглавица и болки во ушите, наведе Одделот на шерифот на округот Оринџ (OCSD).

Две жртви се здобиле со повреди на нозете, а на една и била потребна операција.

Инцидентот се случил за време на заедничка вежба меѓу тимовите за бомби на OCSD и специјалната единица SWAT, изјави портпаролот на шерифот, а експлозијата се случила во мала зграда на имотот на ФБИ, пренесува „Си-Би-Ес“.