Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Нов напад на украински диверзанти во областа Курск, прогласена воздушна опасност – драма во Русија

/

пред 953 дена

Сподели преку :

Припадници на Руската гарда, заедно со Оружените сили на Руската федерација учествуваат во одбивање на напади од украински диверзантско-извидувачки групи во близина на селото Теткино, во областа Курск, соопшти гардиската прес-служба.

Гувернерот на областа Курск, Роман Старовојт претходно на својот канал на Телеграм сооошти дека непријателски групи се обиделе да влезат во селото, но оти не успеале. Прогласена е воздушна опасност поради закани од можен напад со беспилотни летала. Сирени се огласија и во областа Белгород.

Гувернерот на областа Белгород, Вјачеслав Гладков објави дека едно лице загинало, а три се повредени во гранатирање на украинската војска. Тој додаде дека под украински оган се наоѓа и округот Грајворонски.