Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Заборски и Спасеновски ќе настапат на престижниот турнир во Анталија од Карате 1 Премиер лигата

/

пред 934 дена

Сподели преку :

Карате клубот Макпетрол со двајца натпреварувачи ќе учествува на турнирот во Анталија, Турција во рамки на Карате 1 премиер светскта лига.

Петар Заборски во категоријата до 75 килограми и Петар Спасеновски во категоријата до 84-килограми се единствените македонски каратисти кои обезбедија учество на вториот турнир од Карате 1 премиер лигата. За потсетување на овие турнири учествуваат само каратисти кои се помеѓу најдобрите 32-ца на Светската карате ранг-листа во својата тежинска категорија.

Борбите почнуваат во петок 15 март, а ќе траат до недела. Каратистите прв се натпреваруваат во групата, каде имаат по тројца ривали, а потоа само прворангираниот ќе продолжи во четвртфиналето.

На турнирот во Анталија ќе учествуваат вкупно 377 натпреварувачи од 60 држави.