Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Митревски две години на голот на Еурофарм Пелистер

/

пред 934 дена

Сподели преку :

Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски од следната сезона се враќа во домашниот шампионат и ќе го брани голот на Еурофарм Пелистер.

За Митревски ова ќе биде второ враќање во матичниот клуб, бидејќи пред четири години играше за тогашниот клуб Еурофарм Работник, а сениорската кариера ја почна токму во битолскиот состав во 2005, каде играше до 2007. Потоа беше дел од Вардар и Металург, а во интернационалната кариера освен четири сезони на голот на Порто, бранеше и за Бенфика и за Констанца од Романија.

Искусниот голман потпиша двегодишен договор со Еурофарм Пелистер и ќе го замени Калифа Гедбан, кој заминува и следната година ќе го носи дресот на германски Ерланген.