Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

УНИЦЕФ: Повеќе од 13.000 деца убиени во Газа

/

пред 949 дена

Сподели преку :

Портпаролот на УНИЦЕФ, Џејмс Елдер, изјави дека повеќе од 13.000 деца биле убиени во Газа како резултат на израелските напади. Тој оваа информација ја сподели на социјалната платформа „Х“.

Според Обединетите нации, поради израелската офанзива, 85 отсто од населението на Појасот Газа е внатрешно раселено и се соочува со акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, додека 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена.

На 26 јануари, по тужбата за геноцид поднесена од Јужноафриканската Република, Меѓународниот суд на правдата пресуди дека Израел мора да се воздржи од какви било активности поврзани со убиства, напади и уништување на Појасот Газа и да ги преземе сите мерки за да спречи геноцид.