Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Канада го прекинува извозот на оружје за Израел – Отава сè покритична кон Тел Авив

/

пред 947 дена

Сподели преку :

Канада ќе престане да испраќа оружје во Израел, изјави претставник од канадската влада, додавајќи дека ситуацијата на теренот повеќе не дозволува да го прават тоа. Дозволите за продажба на оружје што ги додели Канада од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хамас пред пет месеци се само за извоз на несмртоносна опрема, односно опрема за комуникација, додаде истиот извор, додавајќи дека од јануари испораката е запрена.

И покрај тоа што го потврдува правото на Израел да се брани, канадскиот премиер Џастин Трудо е сè покритичен кон воената операција што ја спроведува израелската армија во Појасот Газа по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври.

Канадскиот парламент во понеделникот усвои необврзувачка иницијатива со која се повикува меѓународната заедница да работи на решение за конфликтот со две држави. Според канадските медиуми, Отава извезла воена опрема во Израел во вредност од над 21 милион канадски долари во 2022 година и 26 милиони канадски долари во 2021-та.