Откако Западот се вмеша во специјалната воена операција на страна на Украина, специјалната воена операција прерасна во воена операција, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Ние сме во војна. Да, тоа почна како специјална воена операција, но штом таму е формирана група, кога колективниот Запад стана учесник на страната на Украина, за нас тоа стана војна. Уверен сум во тоа и тоа секој треба да го сфати“, рече Песков во интервју за „Аргументи и факти“.











