Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Еуросупер БС-95 од полноќ поскапува за два денара, Еуросупер БС-98 и дизелот по стара цена

/

пред 927 дена

Сподели преку :

Еуросупер БС-95 од полноќ поскапува за два денара, додека цените на останатите нафтени деривати остануваат непроменети, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Новата цена по која ќе се продава Еуросупер БС-95 ќе биде 85 денари за литар, додека за Еуросупер БС-98, цената останува иста – 85,5 денари за литар.

Непроменети остануваат и цените на дизелот кој ќе се продава по 76 денари за литар и Екстра лесното масло за домаќинство по 75 денари за литар. Цената на мазутот останува 43,797 денари/килограм.