Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Преиспитајте ја одлуката за употреба на динарот – САД со апел до косовските власти

/

пред 945 дена

Сподели преку :

САД уште еднаш го повикаа Косово да ја преиспита одлуката за забранување на употребата на динарот на северот од земјата, посочувајќи дека целта на една влада треба да биде подобрување на животот на нејзините граѓани, а не негово осиромашување и отежнување на секојдневниот живот.

Во брифинг со медиуми од Балканот, помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања, Џејмс О’Брајан го повтори ставот на САД дека и двете страни треба да работат на намалување на тензиите и да се воздржат од чекори кои може да се сфатат како провокации.

О’Брајан потсети дека со последните договори и Приштина и Белград преземале одредени обврски, кои сега треба да се исполнат.