Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Очи во очи со Нетанјаху – Блинкен во нов обид за притисок врз Израел за откажување на офанзивата во Рафа

/

пред 945 дена

Сподели преку :

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска повторно се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, како дел од интензивните дипломатски напори за време на турнејата низ регионот на Блискиот Исток за да се постигне итен прекин на огнот во Газа и да се спречи израелската офанзива во Рафа.

Се очекува највисокиот американски дипломат да изврши нов притисок врз Израел да ја откаже  офанзивата и да укаже на итната потреба за доставување на поголема хуманитарна помош за населението во малата енклава.

Ова е шеста посета на Блинкен на регионот на Блискиот Исток од почетокот на војната во Појасот Газа, а се одвива паралелно со разговорите што се водат во Катар за пауза во борбите во Газа и ослободување на заложниците.