Крвавиот биланс на бруталниот терористички напад во трговскиот центар Крокус сити хол во Москва расте. Според досегашните информации најмалку 60 луѓе се убиени од терористичката група.
Меѓу загинатите има и три деца. Едно дете е во сериозна состојба од добиените рани, соопшти детскиот правобранител на Русија.
Медицинските власти соопштија дека 5 повредени се во тешка состоја и животот им е загрозен. Повеќе од 100 луѓе се повредени и згрижени во болниците во Москва.











