Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Хитер ја освои титулата во спуст пред Гут-Бехрами

/

пред 925 дена

Сподели преку :

Корнелија Хитер стигна до малиот кристален глобус во спуст откако денеска триумфираше на последната сезонска трка во оваа дисциплина пред домашните фанови во Залбах.

Скијачката од Австрија оствари време од 1 минута, 45 секунди и 8 стотинки и победи пред Словенката Илка Штухец, која задоцни 17 стотинки. Трета беше Никол Делаџо од Италија.

Со оваа победа, Хитер ја обезбеди титулата во спуст со 397 бодови пред Лара Гут-Бехрами, која денеска заврши на 17-тото место, па остана на втората позиција со 369 бодови. Сепак Швајцарката освен Големиот кристален глобус сезонава ги освои и титулите во супер велеслалом и велеслалом, додека Микаела Шифрин беше шампионка во слалом.