Меѓународните донатори извршија воздушни фрлања на залихи со помош во северниот дел на Газа, додека чад се крева на неколку локации во појасот.
Израелските воени авиони и копнените трупи спроведоа кампања на „изгорената земја“ на појасот по нападот на Хамас на 7 октомври врз јужен Израел.

Во својот шести месец, во војната меѓу Израел и Хамас загинаа најмалку 32.226 Палестинци, според Министерството за здравство на Газа. Тоа не прави разлика меѓу цивилите и борците во својот биланс, но вели дека жените и децата сочинуваат околу две третини од загинатите.

Според официјални лица на ОН, израелската офанзива „турна“ четвртина од населението на појасот на работ на глад,.

Најочајна е ситуацијата на северот, каде што се верува дека останале до 300.000 Палестинци и покрај израелските наредби за евакуација.
Отсечени од октомври, многумина прибегнаа кон јадење добиточна храна во последните недели.

Неодамнешните воздушни достави на помош од страна на САД и другите земји обезбедуваат многу помали количини од испораките кои би се спровеле по копнен пат со помош на конвои со камиони, но тие станаа ретки, а понекогаш и опасни.

Беа пречекани со одреден скептицизам од претставници на ОН и групи за права, кои велат дека методот не е најдобра практика кога станува збор за дистрибуција на многу потребната помош.
Доставувањето помош од небо може да биде опасно – неодамнешниот пад од воздух уби пет луѓе кога падобранот на пакетот не се отвори.











