Најмалку 7 лица, меѓу кои 3 деца, се убиени откако израелски воздушен напад во текот на ноќта погоди куќа во населбата „Џенеина“ во Рафа, соопштија здравствените власти.

Мртвите, меѓу кои и шестмина од истото семејство, се пренесени во болницата Абу Јусеф ал-Наџар.
Жителите и спасувачите ги бараа остатоците од куќата во потрага по уште четири други лица, меѓу кои две деца, исчезнати под урнатините.

„Зградата беше бомбардирана околу 2:30 ноќе. Се разбудивме од оваа трагедија. Ова е куќата на мојот брат“, рече Раед Ниџим, локален жител. Изведовме шест маченици, а има уште 4 исчезнати, две девојчиња и сопругата на брат ми и нејзината ќерка. Тие се уште се под урнатините“, додаде тој.

Во војната на Израел против Газа загинаа повеќе од 32.200 Палестинци, според Министерството за здравство кое не прави разлика меѓу цивили и борци, но вели дека две третини од загинатите се деца и жени.

Војната беше поттикната од нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври. Хамас уби најмалку 1.200 луѓе и зеде над 200 заложници.











