Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Суд во Лондон денеска одлучува за екстрадиција на Асанж

/

пред 941 дена

Сподели преку :

Високиот суд во Лондон денеска ќе донесе одлука дали основачот на Викиликс „Џулијан Асанж“ може да поднесе жалба на неговата екстрадиција во САД.

Американците бараат екстрадиција на Асанж поради објавување тајни воени досиеја во 2010 и 2011 година, а Врховниот суд на Велика Британија одлучи дека Асанж треба да биде екстрадиран, отфрлајќи ги тврдењата дека тој би можел да изврши самоубиство во американски затвор поради лошо ментално здравје.

Асанж во САД е обвинет по 17 точки за шпионажа, а доколку биде прогласен за виновен, според неговите адвокати, може да се соочи со казна затвор до 175 години.

Американските обвинители, сепак, тврдат дека казната нема да надмине 63 месеци.