Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Европа е во најлоша безбедносна ситуација од Втората светска војна – проценка на шефот на чешкото разузнавање

/

пред 939 дена

Сподели преку :

Сегашната ситуација во Европа е најлоша од Втората светска војна, изјави шефот на чешката разузнавачка служба Михал Куделка.

Шефот на службата за безбедност и информирање на Чешката Република, како што јави јавниот радиодифузер Радио Прага Интернационал, на состанокот со претседателот Петр Павел рекол дека рускиот експанзионизам и можното враќање на екстремистички терористички групи, како ИСИС во Европа, претставуваат голема закана за европските демократии.

„Не можеме да го потцениме ризикот, иако немаме конкретни информации за директна закана за безбедноста на Чешка“, потенцираше тој.

Павел, како што се наведува, рекол дека безбедносната ситуација најверојатно ќе стане уште посложена во наредните месеци.

Засилени се мерките за безбедност во Франција и другите европски земји по минатонеделниот терористички напад во Москва, за кој одговорноста ја презеде терористичката група „Исламска држава“.