Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Двајца министри од грчката Влада поднесоа оставки- Мицотакис им се заблагодарил за соработката

/

пред 938 дена

Сподели преку :

Државниот министер Ставрос Папаставру и заменик-министерот без ресор Јанис Братакос вечерва подесоа оставки, кои беа прифатени од грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Од кабинетот на грчкиот премиер кусо соопштија дека Мицотакис им се заблагодарил за соработката и ги прифатил оставките.

Владини извори за грчките медиуми коментирале дека „присуството на социјален собир испратило погрешна порака“.

Оставките на Папаставру и Братакос доаѓаат откако дел од грчките медиуми објавија дека двајцата мнистри се сретнале со бизнисменот Вангелис Маринакис, кој меѓу другото е сопственик и на групацијата чиј дел е  весникот „То вима“ што во неделата го објави текстот за монтираните аудиозаписи по железничката несреќа кај Темпи во која загинаа 57 лица.