Полициски службеник од Бор е приведен поради споделување на информации од истрагата за исчезнатото двегодишно девојче Данка Илиќ.
Нејасно е какви точно информации оддавал и кому, но, сепак, станува збор за чувствителни информации од истрагата.
Потрагата по двегодишната Данка од околината на Бор сè уште трае. Таа беше пријавена за исчезната во вторникот.











