Заложничка криза во холандскиот град Еде. Во кафе бар се држат неколку луѓе, а полицијата соопшти дека во меѓувреме успеала да ослободи тројца од нив.
„Кризата сè уште не е завршена“, наведено е во соопштението на полицијата, преноси Танјуг, повикувајќи се на холандскиот сервис Нос.
Полицијата претходно соопшти дека нема индиции дека земањето на заложници е поврзано со тероризам. Полициски извори претходно објавија дека кризата со заложнички би можела да вклучува оружје и експлозив и оти се евакуирани 150 домови.











