Папата Франциск вечерва, сепак, претседаваше со Велигденско бдеење во Ватикан. Тој пристигна во базиликата „Свети Петар“ во инвалидска количка, ден по одлуката во последен момент да не учествува во поворката на Велики петок во Колосеумот поради неодамна влошената здравствена состојба.
Папата Франциск беше хоспитализиран кон крајот на февруари, а потоа беше подложен на дијагностички тестови. Зимава тој страдаше од настинки, бронхитис и грип. Поглаварот на Римокатоличката црква има последици и од скршеница на коленото и воспаление на лигаментите, поради што од 2022 година користи инвалидска количка.











