СДСМ предизборно зацрта: завршени преговори до 2028, а членство во ЕУ до 2030.
Како до таква цел со до сега несовладливото дво-третинско мнозинство? Како до реформирање на судството и администрацијата? Кои сè, и кои црвени линии постизборно ќе ги заборави за да се формира влада?
Во Топ Тема вечерва дебата со: првиот вицепремиер и меѓународен секретар на СДСМ Бојан Маричиќ и Стефан Андоновски, меѓународен секретар на ВМРО- ДПМНЕ.











