Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Експлозија во Татарстан, шест повредени – напад со дрон на 1.200 километри длабоко во Русија

/

пред 934 дена

Сподели преку :

Беспилотни летала за првпат нападнаа субјекти на подрачјето на Татарстан, во Јелабуги и Нижнекамск, соопшти прес-службата на претседателот на Републиката, Рустам Миниханов.

„Нема сериозни оштетувања, технолошкиот процес на фабриките не е нарушен. Сега е исклучително важнбо да се остане смирен и да не се препушта на паниката кои одговорните за овој случај намерно се обидоа да ја посеат“, порача Миниханов.

„Засега е утврдено дека шест луѓе се повредени, како резултат на нападот со беспилотно летало“, изјави извор за руската државна новинска агенција ТАСС.

„Некста“ објави дека местото на ударот е оддалечено 1.200 километри од границата со Украина. Се наведува дека токму во Јелабуги се произведуваат дронови камикази Шахед, а во Нижнекамск има голем петрохемиски комплекс.